Наградата за најдобра престава на четвртото издание на театарскиот фестивал “5РЕ” ја доби преставата „12“ на Македонскиот народен театар (МНТ). Ова одлука ја донесе жирито во состав, Александар Георгиев, Александар Ивановски и Миле Вратеовски.
„12“ е претстава која ја освои публиката со својата длабока емоција, маестрална режија и неверојатна актерска игра. Претставата носи силни и актуелни теми, а изведбата ја надмина секоја очекувана граница, со својата интензивна енергија и емоционален интензитет.
Наградата за најдобра режија ја доби режисерот Синиша Еевтимов, за неговата силна и вонсериска режија на преставата „12“ во продукција на Македонскиот народен театар (МНТ). Наградата за најдобра престава од публиката е преставата ,,Покојник’’ на црногорското народно позориште.
Наградата за најдобра машка главна улога му е доделена на актерот Александар Крстиќ, за улогата во преставата „Кој се плаши од Вирџинија Вулф ”, во продукција на Народно Позориште Ниш, додека награда за женска главна улога и се додели на Зорица Панчиќ, за нејзината блескава интерпретација во претставата „Госпоѓа министерка“
Добитникот на наградата за најдобра споредна машка улога е доделена на актерот Сашо тасевски за неговата фантастична изведба во претставата „Фамилија Адамс“, во продукција на Драмски Театар Скопје, додека наградата за најдобра споредна женскаулага и е доделана на актерката Марија Новак од урнебесната комедија „Секс, лаги и љубомора“ на Народен Театар Охрид.