Денес во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес, се организираше Општинскиот натпревар „Млади библиотекари 2025“, на кој учествуваа ученици од сите основни училишта од Општина Велес,Чашка и Градско.
Најдобра беше Талиа Павловска ученик во ООУ „Васил Главинов“ Велес со менторот Каролина Попова. Таа го подобри минатогодишниот успех кога заврши на второто место. Второто место ѝ припадна на Изабела Димков 9 одд. од ООУ „Васил Главинов“ Велес под менторство на Каролина Попова, а трето место е Теодора Ристова 8 одд. од ООУ „Блаже Конески“ Велес под менторство на Иванка Славковска.
Првонаградената Талиа Павловска се здоби со право за учество на Републичкиот натпревар „Млади библиотекари“ кој ќе се одржи на 9.5. 2025 во НУЦК „Кочо Рацин “ Кичево.