Уапсен велешанец за грабеж на жена на улица „Христо Татарчев“

Kradec na tasna

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес уапсија 44-годишен маж од Велес, осомничен за извршен грабеж врз жена на улица „Христо Татарчев“.

Настанот се случил на 2 јули, околу 23:50 часот, кога осомничениот Н.А. наводно турнал 38-годишна жена од Велес и ѝ ја одзел ташната во која имало пари. Благодарение на брзата интервенција на полицијата, украденото било пронајдено и ќе ѝ биде вратено на сопственичката.

Agria

Н.А. е приведен во полициска станица, а за случајот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: