Приведен вработен во ЈП „Тополка“ при кражба на нафта и пронајдени недозволени предмети во неговиот дом

Topolka Caska traktor

Полициски службеници од СВР Велес на 16 јули 2025 година, во 12:45 часот, го лишиле од слобода 57-годишниот Д.Ѓ. од општина Чашка, откако бил затекнат во момент на кражба на нафта од службено возило на Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“, каде работи како возач.

Инцидентот се случил на депонија во атарот на селото Раковец, општина Чашка. Според информациите од МВР, Д.Ѓ. бил фатен како префрла нафта од резервоарот на службеното возило во пластичен сад. При интервенцијата, полицијата му одзела две пластични туби (од шест и 10 литри) полни со нафта и едно црево.

Agria

По наредба на Основниот суд Велес, истиот ден бил извршен претрес во неговиот дом, каде биле пронајдени и одземени седум патрони со калибар 16, две пакувања со црна прашкаста материја, 15 иницијални каписли за патрони, машина за затворање ловечки патрони, кожен ремен за патрони, празни патрони за ловечка пушка и други предмети.

За случајот е известен јавен обвинител, а по целосното документирање на настанот, против Д.Ѓ. ќе бидат поднесени соодветни пријави

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: