Полицијата во Велес приведе 38-годишен маж од велешко село под сомнение дека физички ја нападнал својата сопруга во нивниот семеен дом во градот.
Како што соопшти СВР Велес, инцидентот се случил на 17 јули околу 12:10 часот, по што веднаш било постапено по пријавата. Мажот, идентификуван како К.С., бил лишен од слобода и спроведен во полициска станица.
За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесен соодветен поднесок.