Три малолетни лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила на 16 јули околу 21:40 часот на регионалниот пат меѓу селата Бузалково и Раштани, во велешкиот регион.
Според информациите од СВР Велес, патничко возило марка „БМВ“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од село Бузалково, излетало од коловозот на улицата „Раштански пат“.
Во несреќата тешки телесни повреди добил неговиот 17-годишен сопатник, исто така од Бузалково, додека возачот и уште еден 16-годишен сопатник се здобиле со полесни повреди. Сите повредени се прегледани во Општата болница Велес, каде им биле констатирани повредите.
На местото на несреќата извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес, а случајот е предмет на понатамошна полициска и обвинителска постапка.
Од полицијата не соопштуваат како малолетно лице дошло до управување со возило, но потенцираат дека ќе се утврдуваат сите околности околу случајот.