Илинденската коњаница пристигна во Велес – продолжува маршот до Крушево во чест на Илинден

Традиционалната Илинденска коњаница, која маршира во чест на македонските илинденци, денес пристигна во Велес. Со достоинство и патриотски дух, коњаниците беа пречекани во центарот на градот, каде положија цвеќе пред споменикот на велешките илинденци, оддавајќи почит на великаните од македонската историја.

Маршот, кој е во организација на Здружението на граѓани „Илинденски марш 1978 година“, тргна од Скопје и претставува симболично потсетување на историското патешествие кон Крушево, местото каде на 2 август 1903 година беше прогласена Крушевската Република.

Agria

Крајната дестинација на коњаниците е Крушево, каде ќе пристигнат на 2 август, Илинден, најголемиот македонски национален празник.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: