Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес на 12 август 2025 година во 08:30 часот привеле лице барано по централна потерница.
Приведениот е С.Б. (44) од Велес, за кого била издадена наредба од Основниот суд Велес за издржување казна затвор. По приведувањето, тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово каде ќе ја издржува затворската казна.
Од СВР Велес информираат дека активностите за пронаоѓање и приведување на лица кои се бараат по наредба од надлежните судски органи продолжуваат со засилен интензитет.