Физичка пресметка и закани во Велес, приведени две лица

SVR Veles policija

Две лица од Велес се приведени од страна на полициски службеници од СВР Велес, по инцидент што се случил синоќа (14 август) околу 21:15 часот во угостителски објект и на улицата „Благој Ѓорев“.

Според информациите од полицијата, инцидентот започнал во угостителски објект во Велес, каде Ѓ.Ш. (32) му се заканувал на Ш.А. (43), кој во моментот бил во друштво со Р.З. (39). По вербалната расправија, пред објектот дошло до физичка пресметка меѓу вклучените лица, која продолжила и на улица „Благој Ѓорев“.

Agria

Во тепачката, Е.У. (25) употребил дрвен предмет и упатувал закани со остар предмет, информираа од полицијата. Двајцата напаѓачи – Ѓ.Ш. и Е.У. – се приведени и задржани во полициска станица, а предметите што биле користени при нападот се пронајдени и одземени.

Известен е јавен обвинител, а по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: