Шумски пожар кај село Бекирлија во општина Лозово, активен еден од десетте пожари во земјава

На територијата на општина Лозово од вчера е регистриран шумски пожар во близина на селото Бекирлија, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Пожарот, кој зафатил површини со смрека, е еден од десетте активни пожари на отворен простор низ Македонија заклучно со 12:00 часот.

Според информациите, огнената стихија во Лозово се уште е активна, а екипите на терен работат на негово локализирање. Останатите активни пожари се пријавени во повеќе општини, меѓу кои Македонски Брод (подрачјето на ПП „Јасен“), Долнени (помеѓу селата Лажани и Кошино), Куманово (с. Романовце), и двојно во Липково (с. Слупчане и помеѓу с. Лојане и Миратовце).

Agria

ЦУК информира дека еден од пожарите, во Јегуновце, помеѓу селата Рогачево, Јажинце и Долно Орашје е ставен под контрола, додека три пожари се веќе изгаснати (во Штип, Бутел и Куманово).

Надлежните апелираат до граѓаните да бидат исклучително внимателни и да не палат оган на отворено, особено во близина на шумски предели, поради зголемениот ризик од пожари во услови на високи температури и суво време.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: