Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Велес, организира летна крводарителска акција која ќе се одржи во недела, на 24 август, во просториите на Театар Џинот, со времетраење од 09:00 до 15:00 часот.
Со оваа акција, Црвениот крст апелира до сите хумани граѓани да одвојат дел од своето време и да помогнат таму каде што е најпотребно, со донирање на крв, која секојдневно спасува животи.
Сите учесници ќе добијат благодарност за нивната хуманост, како и освежување по дарувањето. Акцијата ќе се спроведува во соработка со Институтот за трансфузиона медицина.