Кривичниот суд денеска изрече алтернативна мерка за онкологот Мери Пешевска, условна казна од две години која нема да се изврши ако во рок од пет години не стори ново кривично дело. Пешевка е второобвинета во случајот „Онкологија“, откако претходно самата призна вина.
Таа, заедно со поранешниот директор Нино Васев и колегите Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, се товари за несовесно лекување пациенти.
Во своите завршни зборови, Пешевска изрази длабоко жалење, посочувајќи дека цел живот го посветила на пациентите и дека нејзината небрежност довела до злоупотреба на нејзини лични податоци од други.