Превалец ја прекина црната серија, победа за 48. роденден на клубот

Фудбалерите на Превалец ја прекинаа серијата слаби резултати и со победа го прославија 48. роденденот на клубот. Во рамките на 12. претпоследно коло од првенството, велешкиот состав на домашен терен беше убедлив против Росоман, совладувајќи го со 3:0.

Zito baner

Даниел Маџовски беше двоен стрелец, додека еден гол постигна Ристе Станковски, за значајна победа на Превалец. За велешкиот тим ова беше четврта победа во првенството. На едно коло пред крајот на есенскиот дел, Превалец се наоѓа на деветтото место на табелата со 14 бодови.

Agria

Во последното есенско коло, Превалец го очекува гостување во Долни Дисан, каде што ќе се соочи со екипата на Венец.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: