(ГАЛЕРИЈА) Стојанче Илчевски го фати светиот крст во Велес

Дваесет и три годишниот Стојанче Илчевски денеска го фати осветениот крст во реката Вардар во Велес, на традиционалното одбележување на големиот христијански празник Богојавление – Водици.

Во ладните води на Вардар влегоа поголем број верници, кои учествуваа во чинот на фрлање на крстот, што и годинава привлече голем број граѓани по кејот на реката.

Agria

Празникот утрово започна со Архиерејска Божествена Литургија во црквата Свети Спас, со која чиноначалствуваше Агатангел, во сослужение на свештенослужители од Велес.

По завршувањето на Литургијата, беше формирана свечена литија од црквата „Свети Спас“ до Мало Мовче, каде што се изврши осветување на водите на реката Вардар. Потоа, митрополитот го положи осветениот крст во водите на реката, по што верниците скокнаа по него.

Богојавление – Водици и оваа година помина во празнична и достоинствена атмосфера, со силна порака за вера, заедништво и духовна традиција, која со децении се негува во Велес.



Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: