Горски елиминиран од Купот на ОФС Велес

Сензација во Купот на ОФС Велес откако екипата на Горски, која минатата година го освои трофејот, оваа сезона го заврши настапот уште пред полуфиналето. Подобра од бранителот на титулата беше екипата на Согле која славеше минимална, но вредна победа од 1:0 и обезбеди место меѓу четирите најдобри.

На останатите натпревари од четвртфиналната фаза, Младост убедливо ја совлада Форца со 4:0, додека Локомотива од Раштани со 2:1 беше поуспешна од својот противник и исто така се пласираше во полуфиналето. Слободна во ова коло беше екипата на Врановци, која директно обезбеди место во следната рунда.

Agria

Наредниот викенд ќе започне и пролетниот дел од Општинската фудбалска лига – Велес а ќе се сретнат Локомотива – Младост, Раштани – Согле, Форца Нова – Врановци. Слободна е екипата на Горски.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: