Борец Баскет за малку остана без победа, ИБА Скопје славеше во Штип

Кошаркарите на Борец Баскет доживеаја минимален пораз од ИБА Скопје со 91:93, во драматичен натпревар во Штип, во кој велешани имаа предност пред последната четвртина, но на крајот останаа без посакуваната победа.

Zito baner

Борец Баскет одигра изедначен натпревар против скопскиот состав, а по првото полувреме резултатот беше нерешен 48:48. Домашните кошаркари продолжија во добар ритам и во третиот период, кој го добија со 22:18, за да влезат во завршницата со предност од 70:66.

Agria

Сепак, во последниот период ИБА Скопје успеа да направи пресврт и да стигне до победа со само два поени разлика. Борец баскет беше блиску до позитивен резултат, но гостите беа поуспешни во клучните моменти од натпреварот.

Најдобар поединец во редовите на Борец Баскет беше Сапроновски со одлични 27 поени. Коцевски постигна 19, додека Крстески го заврши натпреварот со 16 поени. Кај ИБА Скопје најефикасен беше Начевски со 20 поени, Балабанов додаде 16, а Чурлинов постигна 13 поени.

За велешани ова беше втор пораз во досегашниот тек од првенството, во кој останува со горчина во кој победата му избега за само еден напад.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: