Екипата на Виола Волеј го освои првото место на денешниот меѓународен одбојкарски турнир во Куманово, организиран по повод Денот на градот.
Велешката екипа до првото место стигна со две убедливи победи од по 2:0 во сетови. Во првиот натпревар Виола Волеј славеше против домаќинот Трговски од Куманово, а во финалето беше подобра и од екипата на Врање од Србија, повторно со максимални 2:0 во сетови.
На турнирот учествуваше и екипата на Мастер Волеј од Скопје. Со две сигурни победи, Виола Волеј го освои турнирот и уште еднаш го потврди квалитетот на велешката одбојка.




















