Нови Сад две години по трагедијата: 16 загинати, судењето сè уште не е почнато

Две години по уривањето на надстрешницата на Железничката станица во Нови Сад, во кое загинаа 16 луѓе, сè уште нема осудени за трагедијата, а судењето на одговорните не е почнато. По повод годишнината, Академскиот пленум порача дека е време за правда и најави дека ќе се придружи на комеморативниот собир што го организираат студентите.

Zito baner

„Академскиот пленум, како и мнозинството граѓани, нема никакво сомневање дека 16-те невини жртви ги убија корупцијата и нестручноста на сега веќе заминувачката власт“, се наведува во соопштението.

Agria

Од Пленумот посочуваат дека денешното одбележување го дочекуваат со тага поради трагедијата, но и со надеж дека одговорните наскоро ќе бидат изведени пред лицето на правдата.

„Благодарение пред сè на нашите прекрасни студенти, а потоа и на сите граѓани, Србија наскоро повторно ќе стане правна држава“, порачуваат од Академскиот пленум.

Во соопштението се додава дека животите на 16-те загинати не можат да се вратат, но дека одговорните мора да бидат повикани на одговорност.

„Да не се повтори никогаш повеќе нешто вакво“, се наведува во пораката на Академскиот пленум.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: