Раштани спорт 2025 и понатаму лидер во Општинската лига, Тополка се искачи на второто место

Екипата на Раштани спорт 2025 ја продолжува трката од првата позиција во Општинската фудбалска лига Велес, откако во петтото коло славеше победа од 2:1 против Плавник 2026 и стигна до 13 бодови.

Zito baner

Најголемиот конкурент за врвот, ГФК Горски, забележа пораз на гостувањето кај  ФК Врановци со 2:1 со головите на Астрит Шабанов. Со овој пораз Горски остана со осум бодови но сега се наоѓа на третата позиција на табелата.

Agria

До победа од 0:1 стигна и Тополка, која славеше против Бузалково и со новите три бода се искачи на второто место со вкупно девет бодови.

Во петтото коло Младост 1976 ја забележа првата победа сезонава, совладувајќи го Согле со 2:0. Стрелци на головите беа Сашко Јовановски во 26. минута и Николче Јавашев во 68. минута.

Натпреварот меѓу Локомотива и Форца Нова е одложен, па двете екипи имаат по четири одиграни натпревари и по седум освоени бодови.

По одигрувањето на новото коло во Општинската фудбалска лига Велес 2026/27, табелата изгледа вака:

Поз.КлубОНПоб.НПор.ПОСПРИГРБОД
1.ЗГ ФК РАШТАНИ СПОРТ 2025541092+713
2.ФК ТОПОЛКА530243+19
3.ФК ГОРСКИ522163+38
4.ФК ТИМ ЛОКОМОТИВА 2018421165+17
5.ФК ФОРЦА НОВА42117707
6.ЗГ ФК ВРАНОВЦИ521256-17
7.ФК ПЛАВНИК 2026512268-25
8.ФК БУЗАЛКОВО504145-14
9.ФК МЛАДОСТ 1976510459-43
10.ФК СОГЛЕ502315-42

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: