Како и во текот на викендот, и денеска времето во земјава ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни со наврнати и над 15 литри на квадратен метар воден талог, се вели во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Утринската температура ќе се движи во интервал од два до 11 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од осум до 17 степени.
Во Велес, според синоптичарите, се очекува слично време, претежно облачно со повремени врнежи од дожд и слаб ветер од северен правец. Утринската температура во главниот град ќе се искачи до 16 Целзиусови степени.




















