Младите ракометни пионери на Гемиџии претрпеа минимален пораз на гостувањето кај Младост Богданци со 18:16 (7:9), во рамки на 13. коло од пионерската лига, во натпревар кој донесе многу борба, но и многу незадоволство кај велешани поради судиските одлуки.
Гемиџии одиграа цврст натпревар и во најголемиот дел од средбата беа рамноправен противник. Велешани имаа предност на полувремето (7:9), а резултатот беше израмнет 16:16 се до 36. минута, кога во финишот домаќините успеаја да направат серија и да стигнат до победата.
По натпреварот од таборот на Гемиџии реагираа на, како што велат, тенденциозното судење на судиската двојка Иван Јованов и Дарко Карафиловски, со поддршка од делегатот Живко Јованов. Од клубот посочуваат дека во текот на натпреварот имало повеќе остри фаули без санкција, удари во лице кои не биле казнети, досуден спорен пенал, како и исклучување во клучни моменти, што според нив директно влијаело врз конечниот резултат.
Најефикасен кај Гемиџии беше Андреј Јакимовски со 4 погодоци, додека по три гола постигнаа Зафиров, Витев и Мартинов. Кај домаќините најрасположен беше Милановски со пет постигнати голови. И покрај поразот, младите ракометари на Гемиџии покажаа борбеност и карактер, но од клубот очекуваат поголема објективност на следните натпревари.

















