Велес два дена во знакот на сатирата и афоризмот – почнува „Џинот“

Велес денеска и утре ќе биде во знакот на сатирата, афоризмот и хуморот. Во градот започнува третиот Меѓународен фестивал на сатирата „Џинот“, во организација на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“, со поддршка од Општина Велес и Локалната библиотека „Гоце Делчев“.

Zito baner

Фестивалот ќе донесе богата програма на повеќе локации во градот. Денеска ќе биде положено цвеќе на гробот на Џинот во црквата „Свети Спас“, ќе следуваат афористички настапи, работилница „Сатира – афоризам“, а официјалното отворање е во 13:30 часот во театарот „Ј.Х.К. Џинот“.

Agria

Пред публиката ќе настапат учесниците на фестивалот, ученици од гимназијата „Кочо Рацин“, музичари од ОМУ „Стефан Гајдов“, Балетското студио „Анабела“ и Христијан Саздовски.

Во 18:30 часот во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ ќе биде промовирана книгата афоризми „Отскочна јамка“ од Витомир Долински.

Фестивалот продолжува утре со посета на спомен-куќите во Велес и литературно-ликовна работилница „Извор вода извираше“.

Завршницата е утре во 18:30 часот во Ликовниот салон, со претставување на животот и делото на велешкиот афористичар Никола Бошков, доделување на наградите од конкурсот „Вода“ и читање на наградените афоризми.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: