Превалец поразен во последната минута, Башкими славеше против Вардар Неготино

Екипите на Превалец и Башкими ги одиграа своите натпревари од 9. коло во Третата фудбалска лига – Регион 4, со различен успех. Превалец претрпе нов пораз на гостувањето во Пепелиште, додека Башкими освои три бода на домашен терен против минатогодишниот второлигаш Вардар Неготино.

Zito baner

Превалец продолжува со променливите резултати. На гостувањето кај екипата од Пепелиште, избраниците на тренерот Димче Маневски  беа на чекор до освојување бодови, но на крајот останаа со празни раце. Никола Лазев во 33. минута му донесе водство на Превалец од 0:1, но домашните во второто полувреме направија пресврт.

Agria

Најпрво Душко Пауновиќ во 54. минута од пенал израмни на 1:1, а кога се чинеше дека натпреварот ќе заврши без победник, Денис Мемков во 92. минута постигна гол за голема радост на домашните и конечни 2:1.

За разлика од Превалец, Башкими имаше успешен настап пред својата публика во Чашка. Домашниот тим беше подобар од Вардар Неготино со 3:1 и заслужено стигна до нови три бода.

Муса Бехар во 9. минута го отвори резултатот, а Енис Јахја во 33. минута ја зголеми предноста на 2:0. Гостите преку Дане Митрев во 35. минута намалија на 2:1 и ја вратија неизвесноста, но Александар Јордановски во 68. минута ги постави конечните 3:1.

Денес на терен излегува и Борец 1919, кој на стадионот „Зоран Паунов“ во Велес ќе го пречека составот на Големо Коњари. Велешани ќе имаат можност пред домашната публика да се обидат да стигнат до нови бодови во првенството.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: