По минатонеделниот пораз на гостувањето во Штип од актуелниот шампион УГД, одбојкарите на ГОК Борец им се вратија на победите. Велешани на домашен терен убедливо го совладаа составот на Универзитетот во Тетово со максимални 3:0 во сетови (25:19, 25:15, 25:16).
Со овој триумф, Борец по три одиграни натпревари има биланс од две победи и еден пораз, потврдувајќи го добриот почеток на сезоната.
Успешен викенд имаа и одбојкарките на ГОК Борец жени, кои во рамките на Втората одбојкарска лига за жени забележаа убедлива победа против Шкупи. Велешанки славеа исто така со максимални 3:0 во сетови (25:12, 25:13, 25:15), демонстрирајќи сигурна игра и целосна доминација на теренот.
Така, двата состави на ГОК Борец викендов забележаа максимални победи и им донесоа двојна радост на љубителите на одбојката во Велес.




















