Големо поевтинување на горивата, бензините поевтинуваат за 7, дизелот за 5,5 денари

benzin-gorivo

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за значително намалување на малопродажните цени на нафтените деривати. Од 10 ноември на полноќ, горивата поевтинуваат во просек за 7,51 отсто во однос на претходната одлука.

Zito baner

Најголемо намалување има кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и БС-98, чија цена се намалува за 7 денари за литар. Дизелот поевтинува за 5,50 денари, додека екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 6,50 денари за литар.

Agria

Со новата одлука, максималните малопродажни цени ќе изнесуваат:

  • ЕУРОСУПЕР БС-95 – 86 денари за литар
  • ЕУРОСУПЕР БС-98 – 88 денари за литар
  • ЕУРОДИЗЕЛ БС – 94,50 денари за литар
  • Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 103,50 денари за литар
  • Мазут М-1 НС – 49,312 денари за килограм

Цената на мазутот се намалува за 6,261 денари за килограм.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: