Двајца возачи биле лишени од слобода вчера поради управување со возило пред да се стекнат со право на управување, информираат од СВР Велес.
Во 09:50 часот, на автопатот Скопје – Велес, на наплатната станица Сопот, полицијата запрела „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од 30-годишниот М.А. од Тетово. По извршените проверки било утврдено дека тој управувал со возилото без претходно да се стекне со право на управување.
Истиот ден, во 16:30 часот, полициски службеници од Полициската канцеларија Градско на регионалниот пат кај клучката Градско запреле „фиат“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од 26-годишниот И.Х. од селото Уланци.
И кај него било констатирано дека управувал со возило без да поседува право на управување.
По насоки на јавен обвинител, двајцата биле приведени во полициска станица, а возилата им биле одземени. По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.




















