Д-р Горан Јовиќ ја доби наградата „Гемиџии“ за животно дело, доделени признанијата по повод Денот на Велес

Со свечена церемонија, синоќа беа доделени општинските признанија и благодарници по повод 9 Ноември – Денот на Општина Велес. Беа наградени поединци, организации и институции кои со својата работа, ангажман и постигнувања оставиле значаен белег во животот на градот во изминатата година.

Zito baner

Пофалници добија Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“, Валерија Ваљак Неделковска, Здружението на граѓани „Акцијаш – ветерани“, Коста Тахов, Баже Миров и Спасе Буковски.

Agria

Благодарници им беа доделени на Благој Гугинов, Александар Јолдашев, Снежана Петрова Џамбазова, ССОУ „Димитрија Чуповски“, ООУ „Блаже Конески“, Трајче Илијевски, Александар Гулевски и Детскиот хор „Св. Кирил и Методиј“.

Со постхумни спомен-плакети беа оддадени признанија на Зоран Љутков и д-р Ванчо Граматов, додека добитник на вакво признание за 2026 година е и асс. д-р Ниметула Лимани.

За најстудент на годината беше прогласена Емира Хусовиќ, која остварува извонреден успех на студиите на Универзитетот „Ричмонд“ во САД, со просек 9,98.

Највисокото општинско признание, наградата за животно дело „Гемиџии“, оваа година му припадна на д-р спец. Горан Јовиќ. Советот на Општина Велес едногласно ја донесе одлуката за доделување на наградата, во знак на признание за неговиот долгогодишен професионален ангажман и придонес во грижата за здравјето на многу генерации велешани.

Свеченоста беше заокружена со концерт на Националниот џез оркестар, кој настапи во чест на годинашните добитници на општинските признанија.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: