Инфлацијата во октомври достигна 3,3 проценти на годишно ниво, наспроти 2,7 отсто во септември, измери Државниот завод за статистика. Статистиката цело време покажува зголемена инфлаација додека претставниците на власта убедуваат дека се подобро и подобро се живее и дека владините мерки даваат резултат, вели Иван Пешевски од Сојузот на синдикати на македонија, но подвлекува дека граѓаните тоа не го чувствуваат и гледаат. Сликата е јасна, гражаните таквото подобро живеење не го гледат ниту по бензиските ниту по цените во маркетите и таму каде што граѓанинот ја трошат и така скромната плата со која ѓивеат од ден за ден. Пешевски потенцира дека потребно е со поголема сериознот надлежните да излезат на терен и да ги погледат цените и дали истите се реални особено по маркетите и цените на становите.
И покрај забрзувањето на годишната инфлација, од Министерството за економија и труд оценуваат дека ценовните движења засега не ја нарушуваат релативната стабилност на пазарот. Оттаму сметаат дека октомвриските показатели не укажуваат на изразени месечни ценовни притисоци.
Министерство за економија и труд
„Министерството за економија и труд континуирано ги следи ценовните движења, особено кај основните прехранбени производи, и ќе продолжи внимателно да ја анализира состојбата на пазарот. Доколку се утврдат неоправдани ценовни зголемувања или дополнителни притисоци врз животниот стандард, во координација со надлежните институции ќе се разгледа потребата од преземање соодветни мерки. Нашата цел е да се зачува стабилноста на пазарот, да се заштити куповната моќ на граѓаните и навремено да се реагира доколку пазарните движења го наложат тоа.“- велат од Министерството за економија и труд
Според анализата на Државниот завод за статистика за само еден месец, трошоците за живот пораснале за дополнителни 0,4 проценти. Најголемото годишно поскапување е регистрирано кај транспортот, дури 9,5 проценти. Рекреацијата, спортот и културата поскапеле за 8,5, а храната и безалкохолните пијалаци за 2,1 процент. Но, само во октомври, храната дополнително поскапела за 0,7 проценти, облеката и обувките за 1,2, а трошоците за домување и енергенси за 0,3 проценти.




















