Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). По одделни котлини ќе има појава на утринска магла, а ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се движи од 6 до 11 степени, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степен.
Во Велес времето ќе биде претежно облачно, со утринска магла во делови од котлината. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од 10 до 20 степени.



















