Полициски службеници од СВР Велес вчераутро лишиле од слобода 34-годишен велешанец, кој се сомничи дека украл производи од продажен објект во градот.
Како што информираат од полицијата, Т.Б. бил приведен на 10 ноември, во 08:30 часот, во Велес.
За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосното расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.



















