(ВИДЕО) БК Борец одбележува 65 години постоење со јубилејното 25-то издание на меѓународниот турнир „Коцев Љубомир – Листон 2026“

Велес повторно ќе живее во ритамот на борењето! Во недела, на 15 ноември, во спортската сала при ООУ „Блаже Конески“, Боречкиот клуб Борец ќе биде домаќин на јубилејното 25-то издание на меѓународниот турнир во борење слободен стил за пионери, кадети и јуниори „Коцев Љубомир – Листон 2026“.

Zito baner

Натпреварите ќе започнат во 11 часот, а љубителите на спортот ќе имаат можност да проследат квалитетни борби на младите надежи на борењето од Македонија и соседните земји.

Agria

Тренерот на БК Борец и организатор на турнирот, Игор Мицевски-Скакар, ги повика сите поранешни членови на клубот, како и љубителите на борењето, да присуствуваат на овој спортски настан, кој годинава ќе биде во знакот и на уште еден значаен јубилеј – 65 години од формирањето на Боречкиот клуб Борец.

„Чест ми е, и како тренер и како организатор, да го најавам 25-то јубилејно издание на меѓународниот турнир во борење слободен стил за пионери, кадети и јуниори „Коцев Љубомир – Листон 2026“, кој ќе се одржи во спортската сала при ООУ „Блаже Конески“, со почеток во 11 часот.

Досега се пријавени 18 екипи, од кои три се од странство, со повеќе од 100 борачи. Во рамките на турнирот ќе ја одбележиме и 65-годишнината од формирањето на клубот. Ќе бидат доделени плакети и благодарници на сите оние кои учествувале во развојот на клубот и кои и денес се заслужни за неговиот опстанок во овие тешки времиња“, истакна Мицевски-Скакар.

Јубилејот е можност да се потсетиме на богатата традиција на велешкото борење, на генерациите борачи, тренери и спортски работници кои го граделе Борец низ изминатите 65 години, но и да им дадеме поддршка на младите кои ја продолжуваат оваа спортска приказна.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: