Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со членовите на Извршниот комитет, започнува интензивни теренски посети на општинските комитети низ државата, кои ќе се реализираат до крајот на годината.
Од партијата информираат дека целта на посетите е преку директни средби со граѓаните да се слушнат нивните проблеми, забелешки и предлози, како и да се добие реална слика за состојбите на терен.
На средбите ќе се разговара и за досега реализираните активности, исполнувањето на ветените рокови и функционирањето на надлежните институции.
Од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат дека активностите ќе продолжат и на пролет, со организирање трибини и средби со граѓаните во населените места низ државата.




















