Борец Баскет ја прекина серијата порази и освои важни бодови на гостувањето во Струга. Велешани славеа со убедливи 88:71 против Црн Дрим, кој го запиша шестиот пораз во седум одиграни кола.
Победата на гостите ја предводеше расположениот двоец Андов – Сапроновски, кој заедно постигна 46 поени и беше клучен за триумфот на Борец Баскет. Значаен придонес имаше и Петровски со 16 поени, додека Захариев додаде 13.
Во домашниот состав, кој останува на една победа во досегашниот дел од сезоната, Петрески постигна 14, а Костовски 12 поени.
Со оваа победа, Борец Баскет се враќа на победничкиот пат и добива важен импулс за продолжението на првенството.




















