Гемиџии по бодови на домашен терен – пионерите утре ја пречекуваат Македонија Ѓорче Петров

Пионерскиот тим на РК Гемиџии утре ќе има нова можност да го подобри бодовното салдо во рамки на ракометната пионерска лига – Група Б. Младите велешки ракометари на домашен терен ќе се обидат да стигнат до нови бодови и подобар пласман на табелата.

Во рамки на 12. коло, Гемиџии ќе го пречекаат составот на РК Македонија Ѓорче Петров, во натпревар од кој домаќините очекуваат борбена и неизвесна игра. Дуелот ќе се одигра утре (сабота) во спортската сала при ООУ „Блаже Конески“ во Велес, со почеток од 11:30 часот.

Agria

Правдата на теренот ќе ја дели велешката судиска двојка Пепи Димков и Божидар Јованов. Од таборот на Гемиџии се надеваат на добра игра и поддршка од трибините, со цел пионерскиот состав да стигне до посакуваните бодови.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: