Ангел Петрушев за само 0,62 секунди остана без финале на Европското првенство во кајак

Велешкиот кајакар Ангел Петрушев имаше импресивен настап во полуфиналето на Европското првенство во кајак на диви води за јуниори и младинци до 23 години (U23), но за малку остана без пласман во финалето.

На натпреварувањето што се одржува на познатата патека Солкан во Нова Горица, Словенија, Петрушев настапи во категоријата K1 мажи – до 23 години и го освои 14. место со време од 92,72 секунди. За финале му недостигаа само 0,62 секунди — токму толку го делеа од 12. позиција која носи место во завршната трка.

Agria

Финалето во оваа дисциплина е закажано за 16:00 часот по локално време, а и покрај тоа што не успеа да се пласира меѓу најдобрите, настапот на Петрушев е нов доказ за неговиот потенцијал и континуираниот напредок на македонскиот кајак.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: