Институт за јавно здравје (ИЈЗ) информира дека во земениот примерок од мусаката која се служела во прва смена во училиштето „Димо Хаџи Димов“ во населбата Влае се најдени грам негативни бактерии од групата на Enterobacteriaceae, фекални бактерии кои исто така се пронајдени и на три чешми во училиштето.
Како што посочуваат од ИЈЗ, после денешната прес-конференција добиле нов резултат од узорцираниот примерок од мусака која се служела во прва смена во училиштето и во неа се најдени грам негативни бактерии.
Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека неговиот помал син Антониј е меѓу учениците кои пројавиле симптоми на труење, но вели дека сега е во добра состојба. Демантира дека детето било во тешка здравствена состојба и дека е хоспитализирано.

















