Веб порталот Батали е единствениот онлајн медиум од Велес кој се најде во официјалниот Регистар на издавачи на онлајн медиуми – интернет портали, кој го води Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги (АВМУ).
Нашиот портал е дел од само шесте локални и вкупно 35-те онлајн медиуми во државата кои во моментов ги исполнуваат условите и се пријавиле за впишување во новиот регистар на професионални онлајн медиуми, воспоставен согласно измените на Законот за медиуми.
Ова претставува уште една силна потврда за професионалноста на Батали, кој повеќе од пет години е присутен на веб-просторот, нудејќи проверени, точни и навремени информации за читателите.
Со ова признание, продолжуваме да ја градиме довербата кај публиката и да ја исполнуваме нашата мисија – објективно, одговорно и професионално новинарство во интерес на јавноста.
Повеќе детали за впишувањето во регистарот може да се проверат ТУКА.