Борачите на Борец со три медали се вратија од меѓународниот турнир „Победник“ 2025 во Белград

Борачкиот клуб „Борец“ викендов зеде учество на големиот меѓународен турнир во борење слободен стил „Победник“ 2025, кој се одржа во Белград. Натпреварувањето се реализираше во силна конкуренција за сениори и јуниори, со вкупно 173 учесници од 11 земји.

БК „Борец“ веќе неколку години по ред е дел од овој престижен турнир, на кој традиционално остварува запазени настапи и значајни резултати, потврдувајќи го континуитетот и квалитетот на клубот на меѓународна сцена.

Agria

На годинашното издание, велешките борачи се вратија со вредни пласмани. Левче Картинов го освои второто место, додека Давид Стојановски и Дамјан Донев се закитија со бронзени медали, освојувајќи трети места. Никола Бабунски и Марко Ќулумов го завршија турнирот на петтата позиција.

Од таборот на „Борец“ информираат дека клубот загубил и три полуфинални борби, што дополнително говори за силната конкуренција и за борбените настапи на нивните натпреварувачи.

Со учеството и постигнатите резултати на „Победник“ 2025, БК „Борец“ уште еднаш покажа дека е еден од препознатливите македонски претставници во борењето на меѓународни турнири.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: