Фудбалски клуб Борец 1919 Велес го засили тимот со ново значајно засилување – 20-годишниот централен бек Онур Емини. Младиот фудбалер потекнува од академијата на Шкендија Тетово, а во последната сезона настапуваше за Фортуна Скопје. Тој има настапи и во младинската Лига на шампиони во дресот на Шкендија.
Емини, кој веќе одигра во одбраната во двата контролни натпревари се истакнува со својата стабилност во одбраната и добра физичка подготовеност, и ќе биде важен дел од дефанзивната линија на Борец во претстојните натпревари. Со неговото доаѓање, клубот се засилува со млад и талентиран играч кој има голем потенцијал за развој.
Од клубот се надеваат дека со ова засилување се зајакне одбраната и ќе им помогне на Борец да се избори опстанок во Втората фудбалска лига.