Борец Баскет ја забележа шестата победа по ред – падна и лидерот Струмица ФМП

Кошаркарите на Борец Баскет продолжуваат со одличните настапи во Првата македонска лига, запишувајќи ја и шестата последователна победа во сезоната, можеби и најзначајната досега. Во салата „Гемиџии“ во Велес, велешани го совладаа лидерот во групата „Б“, екипата на Струмица ФМП со 79:73.

Борец Баскет го контролираше резултатот од самиот почеток на мечот и во ниту еден момент не дозволи Струмица ФМП да поведе. На стартот од второто полувреме велешани влегоа во кратка резултатска криза, при што повеќе од пет минути не постигнаа поени, но и тоа гостите не успеаја да го искористат.

Agria

Најефикасни во победничкиот состав беа Сапроновски и Несторовски со по 16 поени, додека значаен придонес дадоа и Трпески и Елис со по 12 поени. Кај гостите, Д. Пандев беше прв стрелец со 20 поени, Александровски постигна 18, а Јовановиќ натпреварот го заврши со 15 поени.

Со оваа победа, Борец Баскет се искачи на делба на првото место на табелата во групата „Б“, потврдувајќи ја одличната форма и високите амбиции за продолжението од сезоната.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: