30 years Kozuvcanka Web Banner_600x200

Борец Баскет не го дава врвот на табелата, совладан и Охрид

Borec Basket Ohrid

Кошаркарите на Борец Баскет ја продолжуваат својата „рапсодија“ во Втората македонска кошаркарска лига. Тимот од Велес ја оствари и осмата победа, откако во дуел од 10.коло го совлада Охрид со 77:62.

Zito akcija 640x289px

Иако до полувреме гостинската екипа беше рамноправна, сепак Борец Баскет во продолжението ја демонстрира својата надмоќ. Во ниту еден момент велешани не дозволија противникот да поведе. На полувремето Борец Баскет заминаа со  предност (37:33). Ги добија сите четири периоди домашните кошаркари кои на крајот славеа со 15 разлика.

Agria

Петмина кошаркари кај Борец Баскет натпреварот го завршија со двоцифрен број на поени, а најмногу постигна Чадамов 22, кај гостите најефикасен беше Атанасов со 17.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: