Борец Баскет со убедливо прво сезонско славје во Струмица

Кошаркарите на Борец Баскет го впишаа својот прв триумф во новата сезона, и тоа на гостински терен против екипата на Струмица Ролинг, со убедливи 55:83. Велешани уште од самиот почеток го контролираа натпреварот, постепено градејќи ја предноста која на полувреме изнесуваше 33:45.

Во второто полувреме избраниците на тренерот Ангел Љутков продолжија со истото темпо, зголемувајќи ја разликата до крајот на мечот и покажувајќи сигурна и дисциплинирана игра во сите сегменти.

Agria

Дебитански настап во дресот на Борец Баскет имаше американецот Дерек Елис јуниор, кој за само 20 минути на паркетот запиша 16 поени и веднаш го покажа својот потенцијал. Високата предност му овозможи на Љутков да им даде шанса и на помладите кошаркари, меѓу кои и Чадамовски, кој исто така за првпат настапи за клубот.

Со овој триумф, Борец Баскет ја започнува победничката серија со уверлива игра и најавува подобри партии во продолжението на првенството. Веќе наредниот викенд велешани за прв пат сезонава ќе можат да проследат прволигашка кошарка. Во Велес ќе гостува екипата на Бутел која има три победи и ниту еден пораз.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: