ГОК Борец со сигурна и убедлива победа од 3:0 во сетови (25:16, 25:14, 25:19) против екипата на Сушево обезбеди заслужен пласман во полуфиналето на Купот и испрати јасна порака дека е сериозен кандидат за освојување на годинешниот Ф4 турнир.
Велешани одиграа натпревар на високо ниво, со максимална концентрација, борбеност и изразен тимски дух од првиот до последниот поен. Уште во воведниот сет Борец наметна силно темпо, со сигурен прием и разноврсна игра во нападот, што резултираше со убедливи 25:16.
Иако Сушево во третиот сет се обиде да пружи поголем отпор, квалитетот и искуството на Борец повторно дојдоа до израз. Контролата на играта остана на страната на велешани, кои со 25:19 ја запечатија победата и го заверија билетот за полуфиналето.
Во останатите четвртфинални дуели, Струмица со 3:0 (25:20, 25:21, 25:14) ја совлада Шкендија и исто така обезбеди место меѓу најдобрите четири. Преостанатите двајца полуфиналисти на годинешниот Ф4 ќе бидат познати денес, кога се играат уште два четвртфинални натпревари.

















