Борец се повеќе тоне, Кожуф со полн плен од Велес

Borec Kozuv

Нов пораз на фудбалерите на Борец. Пред околу 50 гледачи на стадионот „Зоран Паунов“ во Велес, гостите од Гевгелија, екипата на Кожуф го совлада Борец со резултат 0:2.

Составот на стратегот Ѓоре Јовановски имаа повеќе од играта во текот на целиот натпревар, но нивните напади беа јалови. Резултатот беше отворен во 62 минута кога гостите преку Костадинов постигнаа гол од сомнителна ситуација. Во 78 минута Терзиев од пенал го постави конечниот резултат 0:2.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

По пет кола Борец е закован на последното место на табелата без ниту еден освоен бод и гол разлика од -16 гола.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: