Дерек Елис Јуниор дебитира пред велешката публика во недела

Велешани за прв пат ќе можат во живо да ја проследат играта на американската аквизиција Дерек Елис Јуниор во дресот на Борец Баскет, на првиот домашен натпревар закажан за оваа недела. Неговиот настап пред велешката публика следи по „огненото крштевање“ минатиот викенд, кога на гостувањето во Струмица тимот ја запиша и првата сезонска победа во првенството.

Натпреварот ќе се одигра во недела, со почеток во 17 часот, во спортската сала „Гемиџии“, каде Борец Баскет ќе го пречека непоразениот состав на Бутел. Велешани моментално имаат скор од една победа и два порази и ќе се обидат да дојдат до важен триумф пред домашната публика.

Agria

Од клубот очекуваат голема поддршка од навивачите, а дебито на Елис Јуниор се најавува како дополнителен мотив за полни трибини и нови успеси на тимот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: