Регулаторната комисија за енергетика, (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,93 % во однос на одлуката од 2.06.2025 година. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат
Новите максимални малопродажни цени, кои ќе стапат на сила од 3 јуни 2025 година од 00:01 часот, ќе изнесуваат:
ЕУРОСУПЕР БС-95: 74,50 денари/литар
ЕУРОСУПЕР БС-98: 76,50 денари/литар
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V): 66,00 денари/литар
- Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1): 68,50 денари/литар
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,624 ден/кг и сега ќе изнесува 38,486 ден/кг.