Според прогнозата на УХМР, денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови од земјата ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде од -1 до 6 степени, а максималната од 10 до 16 степени.
Времето во наредните денови
До сабота, под влијание на циклонска активност, ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во среда и четврток, кога на повисоките планини дождот ќе преминува во снег. Од среда ветерот ќе го промени правецот во северен.

















