Државниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Одлуката самиот тој ја соопшти на прес конференција во Обвинителството, а во писмена форма одлуката веќе ја испратил до надлежните институции.
Инаку, денеска е закажана собраниска седница на која како точка на дневен ред е предлогот на Владата за негово разрешување.
Одлуката за покренување на постапка за негово разрешување беше донесена на владина седница на 9-ти декември. Портпаролката на Владата во образложението на одлуката потенцираше дека таа се носи поради неколку клучни точки.
















