Два одделни случаи поврзани со семејно и партнерско насилство се евидентирани во Велес во текот на вчерашниот ден.
Во првиот случај, 28-годишен велешанец бил лишен од слобода откако било пријавено дека по кратка расправија во домот физички ја нападнал својата 22-годишна сопруга.
М.М. (28) бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од СВР Велес околу 23:50 часот и бил приведен во полициска станица. За случајот биле известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи – Велес. По целосното документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во вториот случај, 38-годишна велешанка била повикана на службен разговор по пријава дека не ја почитувала судската одлука со која ѝ било забрането да го вознемирува, да му се приближува и директно или индиректно да комуницира со нејзиниот 36-годишен поранешен партнер.
Според пријавата, А.Ј. (38) му се јавувала на телефон и му испраќала пораки преку социјалните мрежи со заканувачка и навредлива содржина, иако имала изречена забрана од Основниот суд Велес.
По целосното расчистување и документирање на случајот, и за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава.





















