Голема полициска акција на МВР: Се разбива криминална група осомничена за изнуда, лихварство и перење пари

policija-mk

Засилено присуство на полициски специјалци утрово е забележано на улиците во Куманово, каде што, според неофицијални информации, се спроведува голема полициска акција насочена кон разбивање организирана криминална група.

Zito baner

Акцијата ја спроведува Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција при Бирото за јавна безбедност, во координација со Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Agria

Според првичните неофицијални информации, станува збор за криминална група составена од лица познати на кумановската криминална сцена, кои подолг временски период наводно се занимавале со изнуда, лихварство и перење пари. Се сомнева дека групата користела насилство, закани и уцени за стекнување противправна имотна корист.

За организатор на групата, според неофицијалните информации, се сомничи лице познато под прекарот Штука.

Полициски претреси се вршат на повеќе локации поврзани со осомничените, а предмет на проверки се и нотарска канцеларија и менувачница, поради сомневања за нивна можна поврзаност со криминалните активности.

Неофицијално, при досегашните претреси се пронајдени парични средства, возила и документација кои би можеле да бидат значајни за истрагата.

Акцијата следува по подолготрајна оперативно-истражна работа на полицијата и Обвинителството. Засега нема официјални информации за бројот на осомничени и евентуално приведени лица.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: